Macedonian Coalition
ЈАЗИКОТ НА #ХОМЕР Е #МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК !
Пишува #Одисеј #БЕЛЧЕВСКИ
Германските и англиските лингвисти од Лајпциг, Оксфорд и Кембриџ, во текот на 18. и 19. век оригиналниот Хомеров Пелазгиски јазик го преименувале во “антички грчки јазик“. И таа теза остана до денес...
Се разбира, германските и англиските лингвисти ја студирале и Хомеровата лексика, но и неа ја нарекле “античко грчка лексика“, иако таа била Македонска! За жал, овие средновековни тврдења до денес не наидоа на поинакво гледиште во науката, или на отпор кон нивното погрешно толкување.
Знаејќи ги овие значајни факти, германските и англиските лингвисти во текот на изминатите 250 години извршија т.н. “вербоцид“ или “збороцид“. Тоа е термин во светската лингвистика кој означува “убиство на зборови и јазик“, со намерно одбегнување на очигледната етимологија.
Сепак, долгогодишните истражувања открија импозантна Македонска лексика и граматика на еден секојдневен јазик со преку 600 јазични (Хомерови) збора.
Всушност, ова е јазикот кој со мали измени се задржал до денес кај повеќе народи, стотици милиони, кои се нарекуваат Славјани...
Со овие факти се докажува, дека прото-Славјаните “запишани“ низ историјата со различни имиња, се всушност Индо-Аријците, оригиналните народи на Европа и на голем дел од Азија.
Некои германски лингвисти од илјада и осумстотата година, како Штруц и Данковски, голем дел од своите студии ги посветиле токму на Хомер и на за нив таканаречениот Славјански јазик во Хомер (де факто Македонски јазик) и напишале книги за тоа во прилог на Македонците и Хомеровиот јазик како Македонски јазик!
Роднинските имиња од времето на Хомер се сосема различни од грчките, а се најблиски до македонските! Овие имиња не постојат во другите европски народи. Во денешниот Македонски јазик повеќето од овие имиња се објаснуваат со практично значење и улога во секојдневниот живот. Ова е од голема важност, затоа што фамилијарните имиња се неопходни за здрава држава. Фамилијата е основа заедница врз која се гради солидно општество и силна нација! Во далечното минато овие фамилијарни имиња се создавале како природен процес за елиминација на инцест т.е. за нестапување во брак со род од иста крвна линија.
Се разбира, во времето на Хомер не се спомнуваат Грци, Елада, Хелас, Латини, Римјани, Ромеи или Бугари, како и многу други денешни европски народи. Се споменуваат: Ематија, Сарматија, Пелазги, Пеони, Скити, Дардани итн, бројни како лисјата во гората, украсени со злато и сребро, златокоси со скитски лакови и стрели како богови.
Според професор Роберто Салинас, Хомеровиот јазик бил “стар славјански дијалект“.
Македонија - Ематија > е-мати-а = е мајката = the Mother!
За жал, овие лингвисти и нивните студии и публикации не се изучуваат на македонските државни универзтитети, на катедрите за филологија и лингвистика.
Овие факти се само еден мал дел од тоа што сеуште не е изменето или избришано од стотиците библиотеки низ Европа и во светот.
Ќе направиме куса споредба меѓу јазикот на Хомер, Македонскиот јазик и Грчкиот јазик: окко-око-мати, вуддата-водата-неро, куон-куче-скилос, овис-овци-проватон, иатар-итар-иатро, мена-(месечева)мена-фегари, оиме-одиме-паме, врета-верата-писти, љуито-луѓето-демос, томен-темен-мавро, толпо-топло-зестос, стукс-студ-крио, пикто-пикнато-пика, кидео-кидне-драпетево, тануки-танки-лептос, п’лазеи-полази-анатрихиазо, спао-спие-кимате, свесор-сестра-аделфи, сфекуро-свекор-пеферос, голова-золва-золва, маја-мајка-митера, сунис-син-гјос, тата-татко-патерас, тета-тетка-фиа, ‘агано-лагано, синис-шиниш(повреден), клида-гледа-влепи, веста-невеста-нифи...